Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски продолжува со одличните настапи на турнирот во Ираклион во Грција. Денес беше подобар од Јакуб Никод со што си обезбеди место во полуфиналето.
Калин до победата дојде лесно со 2:0 во сетови (6:4, 6:4). Може да се каже и дека ја оправада фаворитската улога затоа што неговиот противник беше надвор од топ 1000 тенисери во светот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На турнирот кој има награден фонд од 15.000 долари Калин е трет носител и има големи шанси и да се најде во финалето. Во полуфиналето повторно против себе ќе има противник кој не е носител и тоа ќе биде подобриот од дуелот на Италијанецот Герери и Гркот Сакеларидис.