Дома Фудбал Останато Нова лоша вест од Јужна Америка: Хоспитализиран легендарниот Ромарио

Нова лоша вест од Јужна Америка: Хоспитализиран легендарниот Ромарио

Oткако утрово пристигнаа страшни вести за Ванда Нара која е хоспитализирана во болница во Аргентина поради леукемија (ТУКА), сега одново имаме лоши вести од Јужна Америка.

Имено, легендарниот бразилски напаѓач и поранешен член на Барселона, Ромарио бил хоспитализиран во болница во Рио Де Женеиро. Легендарниот фудбалер кој во 1994 година беше светски шампион со „Кариоките“ се пожалил на болки и непријатности.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Минатата година со операција на Ромарио му беше отстранет жолчниот меур, а сега во прашање бил проблем од друга природа. Според информациите, на Ромарио му била откриена инфекција на цревата поради која бил задржан во болница, но се истакнува дека е во стабилна состојба.

Во својата голема кариера, Ромарио освои многу трофеи, а таа 1994 кога Бразил стана светски шампион беше прогласен и за најдобар играч. Од 2010 година е во политичките води и успеа да стане пратеник во сојузната држава Рио де Женеиро, четири години подоцна беше избран за сенатор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Во судирот меѓу аргентински и чилеански навивачи 19 повредени 3 мртви

Невидено насилство го одбележа натпреварот во Буенос Аирес помеѓу Индепендиенте и Универси…