Дома Фудбал Италија Нова истрага во Италија: Се обложувал и фудбалер на Милан?!

Нова истрага во Италија: Се обложувал и фудбалер на Милан?!

Николо Фаџоли и Сандро Тонали добија суспензии поради обложување на фудбалски натпревари, а сега со обвинувања се соочува и фудбалерот на Милан Алесандро Флоренци.

Италијанската новинска агенција „АЏИ“ објави дека Флоренци е под истрага за обложување. Ако се потврдат обвинувањата Флоренци би бил третиот суспендиран фудбалер.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Во наредните денови Флоренци ќе седне пред обвинителите и ќе одговара на нивните прашања.

Претходно се водеше истрага и против Заниоло кој тврдеше дека играл само покер и блек џек на нелегални платформи, па тоа не му донесе проблем со суспензија. Ќе потсетиме, Фаџоли доби суспензија од седум, а Тонали од десет месеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Синот на Анчелоти стана тренер на шампионот на Бразил и Јужна Америка

ДАВИДЕ АНЧЕЛОТИ, три недели пред својот 36-ти роденден, доби прва самостојна работа во сво…