Петар Арсовски го победи Велис Антонио Ремус од Грција и обезбеди бронзен медал на Европското младинско првенство
Македонскиот репрезентативец, Петар Арсовски со убедлив резултат 5-0, го победи Велис Антонио Ремус во четвртфиналето на Европското младинско првенство во бокс, кое се одржува во Софија, Бугарија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Со пласманот во полуфиналето, Арсовски обезбеди најмалку бронзен медал за Македонија на Европското првенство. Нашиот боксер доминираше против Ремус од Грција во сите три рунди и запиша заслужена и убедлива победа.
Противник на Арсовски во полуфиналето ќе биде Љубослав Методиев од Бугарија.