Македонската фудбалска репрезентација напредуваше две места на ФИФА ранг листата, благодарение на позитивниот резултат со Турција, па сега се наоѓаме на 134-то место.
Колку нашата позиција е срамна покажува и фактот што сега сме рамо до рамо со Свизеланд, а на ранг листата не прескокна Андора која сега се наоѓа на 129-то место, или цели пет места пред нас.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Има промени и на врвот. По триумфот на Купот на конфедерациите, на чело сега е Германија пред Бразил и Аргентина. Меѓу првите десет селекции се уште Португалија, Швајцарија, Полска, Чиле, Колумбија, Франција, Белгија.