Дома Македонски спорт Нов скок на Калин: Го има најдобриот ранкиг во кариерата, а го очекува и нов напредок!

Нов скок на Калин: Го има најдобриот ранкиг во кариерата, а го очекува и нов напредок!

По триумфот на фјучрсот во Скопје најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски на денеска објавената АТП листата го бележи најдобриот ранг во кариерата, но притоа треба да се напомене дека поените – 25 од Скопје ќе му бидат запишани следната недела што значи дека треба да се очекува следната недела да биде рангиран и под 400.то место.

Ивановски сега е рангиран на 412.то место со 107 поени (еден помалку од претходниот ранг), но има скок од девет места. Од македонските тенисери втор според ранг е Обрад Марковски се наоѓа на 1152 место (скок од 14 позиции) со 7 поени. Од причина што има два поена помалку од претходно – 6, Горазд Србљак се наоѓа на 1208.место (пад од 75 позиции). По еден поен имаат Берк Бугариќ 1706.место (скок 34 места) и Томислав Јотовски 1863 место (скок 89 места).

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Во женска конкуренција Лина Ѓорческа на најновата ранг листа има пад од две позиции и сега се наоѓа на 232.место на ВТА листата. Таа има 302 поена. Падот од две места се должи на тоа што Ѓорческа има девет поени помалку во однос на претходното рангирање

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…