Офанзивниот фудбалер на Баерн Минхен, Серж Гнабри денес стави потпис на нов договор со баварскиот гигант.
23-годишниот германски репрезентативец се обврза на верност со Баерн Минхен до 2023 година, потврди денес клубот од „Алијанц Арена“.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Се чувствувам многу добро тука и многу сум среќен во овој клуб. Се надевам дека во иднина ќе се радувам на многу трофеи и ќе поминам убави моменти во Баерн“, изјави Гнабри.
Unsere Nummer 2⃣2⃣ bis 2023!
? Alle Infos zu @SergeGnabry: https://t.co/7PVfT0ORlv #Serge2023 #MiaSanMia #FCBayern pic.twitter.com/whI4szLIJt
— FC Bayern München (@FCBayern) March 5, 2019
„Многу сме среќни што Гнабри ќе остане со нас уште долги години. Тој е еден од најдобрите млади играчи и е многу важен за иднината на нашиот клуб“, истакнаа од Баерн Минхен.