Ништо од тениска класика во Мадрид, Рафаел Надал беше елиминиран од Карлос Алкараз кој сега во полуфиналето ќе игра против Новак Ѓоковиќ.
Алкараз одигра фантастични два сета, првиот и третиот, па заслужено ќе се бори за финале со Новак. Првиот сет „тениското чудо“ го доби со 6:2 во гемови. На почетокот на вториот заработи мала повреда, интервенираше лекарската екипа, а дали тоа имаше некакво влијание или не Рафа тој сет го доби со 6:1.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во третиот сет Алкараз одново го врати високото ниво на игра и констатно беше во водство, а на крајот победи со 6:3 во гемови.