Футсал репрезентацијата на Македонија претрпе убедлив пораз од Шведска на гостувањето во Алингсас со 2:5.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ние отворивме со гол во втората минута на Петровиќ, но Шведска брзо изедначи, а тоа беа и единствените два гола во првиот дел. Брзо на стартот Швеѓаните поведоа, Мицевски се погрижи за изедначување на 2:2.




Натпреварот беше решен во последните десет минути кога ние попуштивме, а Шведска го покажа квалитетот и постигна три гола за убедлива победа.




Следниот натпревар на Македонија е за пет дена (12 октомври) против Италија од 19 часот во СЦ „Јане Сандански“.