Дома Македонски спорт Мак ракомет Ништо од изненадување, Алборг го победи Вардар

Ништо од изненадување, Алборг го победи Вардар

Ракометарите на Вардар го запишаа вториот пораз во Лигата на шампиони, откако вечерва беа поразени од Алборг со 33:29.

Алборг почна фуриозно, со водство од 3-0, но Вардае се врати, дури во два наврати имаше и водство, но домаќините на одмор заминаа со предност од еден гол (17:16).

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Првите пет минути од вториот дел беа најлошиот период за „црвено-црните“, кога актуелниот европски вицепрвак поведе со 21-14. Вардар не успеа да се врати во натпреварот и да направи изненадување, па на крајот загуби со 33:29.

Најефикасен играч на теренот беше Тимур Дибиров со девет гола, шест даде Кевин Њокас, додека солидна партија меѓу стативите имаше Мартин Томовски кој забележа девет интервенции. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…