Дома Фудбал Италија Никој жив не знае што ќе се случува со Милан – коефициентите се најдобар доказ!

Никој жив не знае што ќе се случува со Милан – коефициентите се најдобар доказ!

milan

Овој податок веројатно е најдобар доказ дека никој жив не може да претпостави што ќе се случува со Милан во наредните години.

Италијанските медиуми добро се забавуваат овие денови, додека Милан не е ни на „небо“, ни на „земја“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Се споменуваат многу големи имиња, но со долговите, без сопствен стадион и резултати кои се далеку од нивото на еден од најголемите клубови во светот, прашање е кој би се одлучил на поголеми вложувања.

Како и да е коефициентите на една италијанска обложувалница најдобро покажуваат дека никој не знае што ќе се случува со клубот.

Пример, коефициентот дека до 2021 година Милан ќе ја освои Лигата на шампионите изнесува 33, но постои и коефициент дека Милан ќе испадне во Серија Б. Тоа би можело да се случи во случај на банкрот, коефициентот изнедува 50.

Милан во својата историја два пати играше во втората лига, еднаш во 1980 година поради учество во скандалот „Тотонеро“ (за наместени натпревари), вториот пат две години подоцна кога испаднаа по регуларен пат во најлошата сезона во историјата на клубот.

„Росонерите“ тогаш завршија на 14 позиција од 16 клубови во лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Малку недостасувало за трагедија: Бендтнер нападнат со нож на улица во Њујорк! 🎥

Поранешниот дански фудбалер Никлас Бендтнер бил нападнат со нож на улиците во Њујорк. Инци…