Дома Македонски спорт Мак фудбал Никола Ѓоргев потпиша за Твенте!

Никола Ѓоргев потпиша за Твенте!

Македонскиот репрезентативец Никола Ѓоргев во следните две години ќе биде дел од холандскиот прволигаш Твенте, пренесуваат тамошните медиуми.

Македонскиот младински но и сениорски репрезентативец по успешниот настап на европското првенство во Полска, одлучи да напушти швајцарски Грасхоперс и во следните две сезони ќе настапува како позајмен фудбалер во Твенте.


Ова ќе биде прв пат Ѓорѓев да игра во некој друг тим, бидејќи тој од најмали категории го носеше дресот на Грасхоперс.

19-годишниот крилен напаѓач уште на стартот на летото најави промена на средината, бидејќи во Швајцарија немаше голема минутажа.

Видете го прекрасниот гол против Србија:

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…