Ракометарот Никола Карабатиќ ги изненади неговите обожаватели и вљубениците во ракометниот спорт со објавата дека завршил на итна операција на стапалото, поради која ќе мора да паузира неколку месеци надвор од теренот.
View this post on Instagram
Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите
„Утрово ми го оперираа левото стапало, благодарение на медицинскиот персонал, сè помина добро. Морам да ги напуштам своите соиграчи на четири до шест месеци“, напиша Карабатиќ покрај фотографијата на која е сликан во инвалидска количка веднаш после оперативниот зафат.

На неговиот Инстаграм профил Карабатиќ ја покажа и повредата поради која заврши под хируршки нож.
