Никола Калиниќ минатото лето пристигна во Милан како големо засилување, но само после една година го напушти „Сан Сиро“.
„Росонерите“ минатото лето донесоа голем број на засилувања, имаа неколку промашувања, а меѓу нив секако беше и Никола Калиниќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во традиционалниот избор на навивачите Хрватот беше избран за најголемо промашување во Серија А и ја доби популарната „Златна канта“.
Калиниќ ја зеде „Златната канта“ пред својот соиграч од Милан, Андре Силва, а на третото место беше Патрик Шик од Рома.
Во конкуренција за најголеми промашувања беа Марко Пјаца и Ховедес од Јувентус, Далберт и Жоао Марио од Интер.