Дома Фудбал Останато Нејмар не издржа: Заплака пред новинарите (Видео)

Нејмар не издржа: Заплака пред новинарите (Видео)

Репрезентацијата на Бразил вчера во пријателски натпревар ја совлада селекцијата на Јапонија.

Првиот гол за Бразилците го постигна Нејмар кој овие денови е на удар на јавноста во Франција. Имено, медиумите тврдат дека Нејмар во ПСЖ прави што сака и дека има поголемо влијание од тренерот. Исто така се појави приказна дека најскапиот фудбалер во светот веќе ова лето би можел да направи трансфер во Реал Мадрид.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Меѓутоа Нејмар ги демантираше овие наводни и порача дека веќе му е мака од лагите кои се појавуваат секојдневно во медиумите. Во негова одбрана застана и селекторот на Бразил, Тите.

„Работиме заедно веќе повеќе од една година и уморен сум од зборувањата дека Нејмар и јас не се сложуваме. Секако дека не сме совршени и луѓето понекогаш погрешно реагираат. Тоа се случува и е сосема нормално. Го критикуваат без никаква причина. Треба да зборуваме за карактерот, однесувањето и големото срце кое Нејмар го има“, порача Тите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Кристал Палас му нанесе петти пораз по ред на Тотенхем.

Тотенхем продолжува да тоне во Премиер лигата, запишувајќи петти пораз по ред во шампионат…