Дома Фудбал Нејмар: Меси и Роналдо? Не сакам да зборувам за нив!

Нејмар: Меси и Роналдо? Не сакам да зборувам за нив!

Бразилскиот фудбалер Нејмар изјави дека не се чувствува пријатно кога го споредуваат со соиграчот од Барселона Лионел Меси и ѕвездата на Реал Мадрид, Кристиано Роналдо.

Меси и Роналдо во последната деценија доминираат во светскиот фудбал, а во прилог на тоа оди и фактот дека заедно освоија девет од последните десет „Златни топки“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нејмар, кој оваа година беше трет во изборот за „Златна топка“ многумина го сметаат за фаворит за следната титула, но Бразилецот вели дека тоа не го интересира и дека само сака да биде подобар.

„Тоа е една работа за која не ми е пријатно да зборувам. Навистина не го сакам тоа. Роналдо и Меси се двајца феноменални фудбалери, кои последните десетина година играат на високо ниво. Им се восхитувам и секојдневно работам да стигнам до тоа ниво“, изјави Нејмар.

„Лео е најдобриот фудбалер со кој сум играл некогаш, константно учам од него. Не знам дали е вистинското време или не, но само сакам да бидам подобар секој ден. Сакам да напредувам и не сакам да бидам подобар од било кој друг фудбалер, туку само од самиот себе си“, нагласи Нејмар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Постигнат договор: Лопетеги добива нова шанса во Премиер лигата

Веќе е познато дека Дејвид Мојс ќе ги напушти „Чеканите“ на крајот од оваа сезона, а долго…