Дома Фудбал Репрезентации Нејмар го помина на вечната листа, „Феноменот“ му напиша писмо од срце: Само небото е граница!

Нејмар го помина на вечната листа, „Феноменот“ му напиша писмо од срце: Само небото е граница!

Нејмар одигра одличен натпревар против Перу во квалификациите за Светското првенство 2022 година. Фудбалерот на ПСЖ постигна хет-трик во победата од 4:2.

Со своите голови Нејмар го престигна Роналдо и сега има 64 гола, пред него е само Пеле со 77 гола во жолтиот дрес. „Феноменот“ му честиташе на својот сонародник.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Тој игра одлично, асистира, погодува, дрибла. Само небото е граница, летај дечко! Пишуваш прекрасна приказна. Комплетен е и се по зрел играч. Се носи со притисокот надвор од теренот кој понекогаш е повеќе предизвикувачки од самата топка. Кажете ми сега: Од каде дојдовме, до каде стигнавме? Кој ќе ни каже што е невозможно? Продолжи да веруваш во својот талент затоа што тоа никој не може да ти го одземе. Имаш многу рекорди кои треба да ги срушиш. Горд сум кога гледам Бразилци на врвот“, напиша Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…