Бразилската суперѕвезда на Пари Сент Жермен, Нејмар веќе е фудбалер со најскап спонзорски договор.
Нејмар потпиша договор со „Пума“ според кој ќе добива 25 милиони евра годишно, а тоа е најскапиот спонзорски договор во фудбалскиот свет.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Претходно Бразилецот имаше договор со „Најк“ за двојно пониска сума, околу 12 милиони евра годишно, а истиот беше потпишан во 2005 година.
Со новиот договор Нејмар ги мина Меси и Кристиано Роналдо. Аргентинецот годишно добива 20 милиони евра од „Адидас“, додека договорот на Кристиано со „Најк“ е во вредност од 162 милиони, но за десет години.
Нејмар синоќа на мечот со Манчестер Јунајтед носеше копачки од новиот спонзор и го промовираше новиот модел „Пума Кинг Платинум“.
Neymar's first collection since joining Puma features the Puma King Platinum boot ⚽️ pic.twitter.com/PsAmFhQ1Qk
— B/R Football (@brfootball) October 20, 2020