Поранешниот ас на Брселона, Рафа Маркез (39) се најде на прелиминираниот список од 28 играчи на Мексико за претстојното Светското првенство во Русија.
Мексиканецот е на добар пат да настапи на својот петти Мундијал во низа и така да влезе во друштвото на бесмртни каде што се наоѓаат само уште тројца фудбалери.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред Маркез по пет настапи на светските шампионати забележаа двајца голмани, легендарниот Мексиканец Антонио Крабахал и Џанлуиџи Буфон и само еден играч – Германецот, Лотар Матеус.
Антонио Карбахал: 1950, 1954, 1958, 1962 и 1966
Лотар Матеус: 1982, 1986, 1990, 1994 и 1998
Џанулиџи Буфон: 1998, 2002,2006, 2010, 2014
Рафал Маркез: 2002, 2006, 2010, 2014, 2018?
Да потсетиме Рафаел Маркез своите славни денови ги помина во Барселона каде што настапуваше од 2003 до 2010 година, а го носеше уште дресот на Монако, Њујорк Ред Бул, Верона и сега се врати во матичниот Атлас.
За репрезентацијата на Мексико одигра 143 натпревари и постигна 19 погодоци.