Македонија в сабота ја очекува првиот натпревар против Италија по чудото кое го приредивме во Палермо кога го елиминиравме Италијанците од баражот за Светското првенство.
Италија сега сигурно има желба за одмазда, а во Скопје гостуваат со Лучијано Спалети кој ќе дебитира на клупата по заминувањето на Донарума.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Илија Несторовски кој летово се пресели во Асколи, порача дека би сакал да постигне гол против Донарума.
„За Италија се спремаме како за секој друг меч. Знаеме дека ќе се судриме со извонреден тим, но фокусирани сме на нас, се подготвуваме на најдобар начин и ќе се обидеме да победиме. На кого сакам да му дадам гол, Вивиано или Донарума? Јас и на двајцата им имам дадено гол. Со првиот играв заедно, а ако треба да бирам, би сакал на Донарума да му дадам гол.
Несторовски смета дека Македонија покажала во овие квалификации дека може да се надигрува со секого освен со Англија од која изгубивме со 7:0.
„Македонија веќе покажа дека може да игра со секого, единствено не можеме со Англија. Одигравме извонредно со Украина, сѐ е отворено. Сега сме фокусирани за Италија, се надевам на три бода. Потоа ни следи Малта, која не е противник со кој имате гарантирано сѐ“, изјави македонскиот напаѓач.
Натпреварот Италија го играме во сабота од 20:45 часот.