Дома Фудбал Италија „Несторовски е голем професионалец, го заслужи голот“

„Несторовски е голем професионалец, го заслужи голот“

Илија Несторовски вчера беше стрелец на единствениот гол во натпреварот помѓу Удинезе и Фиорентина.

Пред крајот на натпреварот Несторовски со глава по едно нафрлување ја смести топката во мрежата на Фиорентина и донесе важни три бода за својот тим. После натпреварот тренерот на Удинезе, Лука Готи имаше пофални зборови за Нестор.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


„Несторовски добива малку шанса, но тренира со голем ентузијазам. Тренира како да е млад играч, а не играч кој има над 30 години. Го заслужи овој гол, навистина е голем професионалец“, изјави Готи.
За Несторовски ова беше втор гол сезонава во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Mилевски: Не ни е сеедно, одговрноста е моја…

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, ја презеде целата о…