Maкедонскиот фудбалер, Илија Несторовски зад себе има одличен викенд во кој постигна гол во убедливата победа на неговиот Слвен Белупо против Динамо Загреб од 4:1.
Несторовски го постигна четвртиот гол и така само ја потврди победата. Но, овој гол на искусниот македонски напаѓач беше доволен да се најде во тимот на колото во хрватското фудбалско првенство.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
За својот настап Несторовски беше оценет со „осмица“.
