Кристиано Роналдо побарал од неговата мајка, Долорес да не ги гледа неговите натпревари, пишува „Дејли Мејл“.
Фудбалската јавност е во исчекување на дебито на Роналдо за Јунајтед и тоа би требало да се случи во викендот кој следи против Њукасл. Мајката на Роналдо судејќи според се нема да биде на трибините, а Роналдо откри дека поради нејзиното здравје и забранил да доаѓа на стадионите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не и дозволувам да ги гледа големите натпревари. И кажав: Немам повеќе татко, не сакам да ја изгубам и мајката. Таа нема да ги гледа големите натпревари на кои играм јас. Секогаш е многу нервозна, не разбирам зошто. До сега два пати се онесвести додека ги гледаше моите натпревари. Нервозна е“, изјави Роналдо.