После возбудувањата во групната фаза, денес ги дознавме паровите за осминафиналето каде што ќе гледаме неколку супер интересни средби.
Љубителите на фудбалот сигурно дека со посебно нетпрение ќе ги исчекуваат натпреварите како Манчестер Јунајтед – ПСЖ, Атлетико – Јувентус, Ливерпул – Баерн…
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Нешто подоцна се добија и термините за одигрување на овие натпревари, а тие ќе се играат од 12-ти февруари до 12-ти март наредната година.
Манчестер Јунајтед – ПСЖ и Рома – Порто првите натпревари ќе ги играат на 12-ти февруари, а реваншите се на програматан а 6-ти март.
Тотенхем – Борусија Дортмунд и Ајакс – Реал Мадрид ќе се сретнат на 19 февруари, додека реваншите се закажани на 13-ти март. На 20-ти март играат Шалке – Манчестер Сити и Атлетико Јувентус (реваншите 12 март).
За разлика од некои претходни години овој пат нема Лига на шампиони за „Денот на вљубените“. Тој термин ќе го пополни Лигата на Европа.