Франческо Тоти во септември наполни 48 години, но многу лесно би можел да се врати на терените бидејќи не престанал да добива понуди.
Тој официјално се пензионира пред седум години, но смета дека би можел да се подготви доволно за да биде корисен во италијанската елита.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Има тимови од Серија А кои сакаа да се вратам на теренот, што малку ме примора да размислам. Малку е веројатно, но никогаш не може да се каже никогаш. Има фудбалери кои се вратиле на теренот по неколку години откако заминале во пензија. Ќе зависи и од тоа кој ќе ми понуди, но би се вратил само во Серија А. Со два-три месеци тренирање би бил подготвен за половина час на теренот“, изјави Тоти.
Тоти е легенда на италијанскиот фудбал и целата своја кариера ја помина во Рома.