Дома Фудбал Останато Неверојатно признание на Арда Туран: Дека оди во Барса дознал кога на менаџерот му испаднале документите!

Неверојатно признание на Арда Туран: Дека оди во Барса дознал кога на менаџерот му испаднале документите!

Eдна од најголемите ѕвезди на турскиот фудбал во изминатите 15 години без никакви дилеми е Арда Туран.

Овој 33 годишен фудбалер денес уште е под договор со екипата на Барселона, а изминатите две години настапуваше за Башакешир.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Од 30 јуни тој ќе биде слободен играч и ќе може да го избере новиот тим, а судејќи според актуелната ситуација тоа би требало да биде Галатасарај. Претходно Туран играше за Атлетико Мадрид, во Барселона пристигна после одличните настапи во 2015 година.

Сега тој откри интересни детали од тоа време. Имено, Туран не знаел дека оди во Барселона, мислел дека има договорен трансфер во Баерн.

„Мојот менаџер Ахмет Булут не ми кажа дека Барселона потпишала. За договорот дознав после 15 дена. Мислев дека одам во Баерн, не очекував дека дека ќе ми пропадне тој трансфер бидејќи една година претходно ми пропадна трансфер во Манчестер Јунајтед“.

Дека е нов играч на Барселона дознал откако на менаџерот му испаднал документот од тробата.

„Документот му испадна од тробата додека бевме заедно. Тогаш го видов логото на Барселона. Не можев да поверувам што се случува“, истакна турскиот фудбалер.

На „Ноу Камп“ Арда не се наигра и не жали што заминал.

„Не бев тажен кога заминав од Барселона. Да бев лош ќе бев тажен, но Валверде не ми даде да играм иако повеќе асистенции од мене имаа само Меси и Суарез“, заврши Туран.

Туран за Барселона одигра 55 натпревари и псотигна 15 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…