На вчерашната гала вечер на ФИФА доделувани беа наградите за најдобрите во изминатата година, а за најдобар голман беше избран Џанлуиџи Буфон кој заврши пред Мануел Ноер. Но знаете ли кој голман не доби ниту еден глас?
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Џанлуиџи Буфон им пркоси на годините и на свои 39 години тој успеа да стигне до наградата најдобар голман во светот.
Тој за место во идеалниот тим се бореше против голмани како Мануел Ноер, Хуго Лорис, Кејлор Навас, Давид Де Геа...
Буфон на крајот освои 42% од гласовите, Ноер 32%, Навас 10%, Куртоа 9%, Лорис 3%.
Верувале или не, фантастичниот голман на Манчестер Јунајтед и репрезентацијата на Шпанија, Давид Де Геа не доби ниту еден глас.
