Дома Фудбал Италија Неверојатно: Ако вечерва победат од 14 место стигаат до ПРВО!

Неверојатно: Ако вечерва победат од 14 место стигаат до ПРВО!

Сезоната е на самиот почеток, а една лига веќе истакнува канидатура за најинтересна во светот.

Станува збор за италијанската Серија Б, за која е малку да се каже дека е изедначена. Во рамките од деветото коло во втората италијанска лига остана да се одигра само уште еден натпревар, а разликата помеѓу првиот и последниот е осум бодови.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Меѓутоа тоа не е ништо кога ќе видиме дека првопласираниот Палермо и второпласираниот Фросиноне имаат по 15 освоени бодови, само три бода повеќе од Ентела која се наоѓа на 14 место.

Но, токму Ентела вечерва го затвара колото против Емполи и доколку победи ќе се изедначи на првото место со овие две екипи.

Доколку Ентела успее да запише и по убедлива победа би можела да избие и осамен на лидерската позиција и да ги прескокне сите 13 екипи кои се пред неа.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Работнички со пресврт го совлада Пелистер, Шкендија подобра од Беса

Денешното 28. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе возбудливи дуели и нови побе…