Фудбалерот за кого многу се пишуваше ова лето, кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата и тоа во редовите на Совонси, пренесува Џанлука Ди Марцио.
Свонси ова лето заработи огромна сума од продажбата на Гифли Сигурдсон кој премина во редовите на Евертон за сума од 50 милиони евра. Од таа сума „лебедите“ до овој момент го ангажираа само Сем Клукас од Хал, а се очекува и да го откупат договорот на Вилфрен Бони од Манчестер Сити.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Но, како што пренесува секогаш добро упатениот Џанлука Ди Марцио, најголемото засилување за тимот на Свонси би требало да пристигне ни помалку, ни повеќе туку од германскиот гигант Баерн Минхен.
Во прашање е Ренато Санчез кој во текот на целото лето се поврзуваше со заминување од Баерн. Младиот Португалец минатото лето пристигна во Баерн како големо засилување, но менаџерот на баварците, Карло Анчелоти повеќе пати истакна дека Санчез може да го напушти клубот.
На крајот изгледа дека Санчез наредната една година ќе ја помине како позајмен фудбалер во Свонси, после што ќе се врати во шампиониот на Германија.
#RenatoSanches allo @SwansOfficial dal @FCBayern @SkySportsNews @SkySport @SkySportNewsHD
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) August 30, 2017