Дома Останати Кошарка НБА Не можат без Леброн: Лејкерси изгубија од еден од најлошите тимови во лигата (ВИДЕО)

Не можат без Леброн: Лејкерси изгубија од еден од најлошите тимови во лигата (ВИДЕО)

Не може без Леброн – така може да се опише играта на ЛА Лејкерси во последните пет натпревари.

Леброн Џејмс се повреди и донесе проблеми во Лејкерси. Без него Лејкерси на пет натпревари запишаа четири порази. Вчера беа поразени од еден од најлошите тимови оваа сезона во НБА лигата, Њу Јорк Никси.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Најзаслужен за победата на Њу Јорк Никси беше Хардавеј кој уфрли 22 поени, додека во редовите на Лејкерси Брендон Играм постигна 21 поен.

Дербито на вечерта се играше во Портланд.

Оклахома на гостински терен славеше против Портланд со 109:111. Оклахома до победа ја предводеа Пол Џорџ со 37 поени и Вестбрук со 31 поен. Клучната предност Оклахома ја направи во третата четвртина која ја доби со 36:25. Лилард и Нуркиќ со 23, односно со 22 поени беа најефикасни кај Портланд.

https://youtu.be/DI_i6zdQCKc

НБА резултати:

Кливленд – Јута 91:117

Бостон – Далас 114:93

Чикаго – Индијана 116:119

Мемфис – Бруклин 100:109

Мајами – Вашингтон 115:109

Минесота – Орландо 120:103

Милвоки – Атланта 144:112

Феникс – ЛА Клиперси 111:121

ЛА Лејкерси – Њујорк Никси 112:119

Портланд – Оклахома 109:111

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Дончиќ се расплака, а неговата порака по мечот покажува дека е – господин (Видео)

Лука Дончиќ се расплака и сцената стана вирална низ целиот свет по емотивната вечер во Дал…