Тренерот на Лос Анџелес Галакси, Жиги Смит си поднесе оставка.
Како што е соопштено, оставката на 65 годишниот стратег веднаш стапува на сила, а до крајот на сезоната клубот ќе биде предводен од досегашниот помошник, Доминик Кинера.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шмит го напушти клубот после 266 победи и тој е најуспешниот тренер во историјата на МЛС лигата.
„После сериозно разгледување на опциите одлчив да си поднесам оставка, но сакам да останам во фудбалот. Остнаа уште шест натпревари, клубот се бори за место во плеј-офот и сфаќам дека не е добро време за ваква одлука. Меѓутоа верувам дека овој тим може одлично да игра и под водство на Доминик“, изјави Шмит.
Жиги Шмит го освои МЛС Купот со галакси во 2002 година во неговиот прв мандат во клубот од 1999 до 2004 година. Тој во 2008 година со Колумбус стигна до титулата, а беше тренер и на Сител Сандерс, како и селектор на репрезентацијата на САД до 20 години.
Минатото лето се врати во Галакси.