Дома Актуелно Најстариот стрелец на хет-трик во Ла Лига стави потпис на нов договор

Најстариот стрелец на хет-трик во Ла Лига стави потпис на нов договор

Капитенот на фудбалерите на Бетис Хоакин Санчез (38) го продолжи договорот со клубот од Севиља до 2021 година, иако е во поодминати фудбалски години.

Бетис на својата официјална страна објави: Реал Бетис не може без својот капитен, идол и легенда.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


И Хоакин е убеден дека има што да даде.

„Мислам дека сум на врвот од кариерата“, изјави Хоакин кој оваа сезона постигна шест гола.

На почетокот на декември Хоакин запиша хет-трик во натпреварот од Ла Лига и со 38 години и 140 дена стана најстариот играч на кого тоа му успеало, надминувајќи го Алфредо Ди Стефано кој во 1964 година на 37 години и 255 дена постигна три гола на еден натпревар.

„Морам да продолжам да уживам и да ги правам Бетискосите среќни. Стигнав тука пред 23 години и ќе бидам уште една“, изјави капитенот на шпансиот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Баерн доби големо засилување: Упамекано потполно се опорави

Фудбалерот на Баерн Дајо Упамекано се опорави од повредата на коленото на левата нога и го…