Дома Фудбал ЛИВЕРПУЛ БЕШЕ ПОБРЗ: Големиот ривал во последен момент се обидел да им го одземе засилувањето од 70 милиони евра

ЛИВЕРПУЛ БЕШЕ ПОБРЗ: Големиот ривал во последен момент се обидел да им го одземе засилувањето од 70 милиони евра

Ливерпул за време на зимскиот преоден период го договорил трансферот на Жереми Жаке од Рен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Францускиот стопер ќе се приклучи на тимот од Енфилд летово. Трансферот е вреден 60 милиони евра плус уште 10 преку бонуси. Младиот играч веќе ги договорил личните услови со клубот.

Во меѓувреме, се појави информација дека Манчестер Јунајтед се обидел да им ја расипе зделката, јавува TeamTalk.

Оваа информација ја објави и германскиот инсајдер Флориан Плетенберг. Ѓаволите во последните часови од преодниот рок сакале да го „преземат“ овој дефанзивец од Ливерпул.

Договорот е да се потпише петгодишен договор со шеста годинa како опција. За Жаке интерес покажаа уште Бајерн и Челси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер го потврди интересот кон дефанзивец од 50 милиони

Спортскиот директор на италијанскиот шампион Интер, Пиеро Аузилио, официјално го потврди и…