
Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, оствари значаен напредок на најновата ВТА ранг-листа, каде што забележа скок од 12 позиции по првите настапи во новата 2026 година.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Ѓорческа годината ја започна со настап во квалификациите за Австралија опен, каде што успешно мина едно коло, а потоа продолжи со настап на Челинџер турнирот во Порто. И таму успеа да обезбеди пласман во следната рунда, што ѝ донесе нови бодови и ѝ овозможи повторно да се врати меѓу 200-те најдобри тенисерки во светот.
Со најновото рангирање, македонската претставничка се наоѓа на 193. место, а во наредниот период ќе се обиде да направи дополнителен исчекор и да се доближи до најдобриот пласман во својата кариера – 170. позиција.
Во текот на оваа недела Ѓорческа нема планирани турнирски настапи и ќе го искористи периодот за подготовка за претстојните предизвици на ВТА турнејата.