Дома Фудбал Камерунец ќе го чува голот на Работнички

Камерунец ќе го чува голот на Работнички

Работнички продолжува со засилувањата во зимскиот преоден рок, откако клубот од Дебар Маало официјално го промовираше искусниот камерунски голман Фабрис Ондоа.

Триесетгодишниот чувар на мрежата во Работнички пристигнува како слободен агент и потпиша договор на една ипол година. Со оваа аквизиција, поранешниот македонски шампион значително ја засилува конкуренцијата меѓу стативите во продолжението од сезоната.

Ондоа зад себе има богата интернационална кариера. Тој беше дел од резервниот тим на Барселона, а настапуваше и за екипите на Алавес, Остенде, Гимнастик, Истра и летонскиот РФС. На репрезентативен план, камерунскиот голман има 53 настапи за националниот тим.

Фото: ФК Работнички

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кејн славеше „Златна топка“, па промаши пенал: Милан го урна Интер, Хакими со хет-трик

Баерн остана без победа во германското класико, Милан му го нанесе првиот сезонски пораз н…