Дома Фудбал Teжок удар за Реал: Познато колку ќе паузира Белингам

Teжок удар за Реал: Познато колку ќе паузира Белингам

Реал Мадрид денес доби информации колку време ќе мора да се снаоѓа без средниот играч, Џуд Белингам. Англичанецот се повреди за време на вчерашниот натпревар против Рајо Ваљекано, а денес беше официјално потврдено и степенот на повредата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Белингам има повреда на мускулот на левата нога и ќе биде отсутен од теренот најмалку еден месец.

Покрај натпреварите во Примера (против Валенсија, Реал Сосиедад и Осасуна), ќе ги пропушти и двата натпревара од плејофот на Лигата на шампионите против Бенфика.

Неговото враќање се очекува на 1 март во натпреварот против Хетафе.

Оваа сезона, Белингам има одиграно 26 натпревари за Реал, постигнувајќи шест гола и четири асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Денес игра на Светското првенство, а „утре“ оди на суд поради стравични обвинувања!

Мароканскиот фудбалер Ашраф Хакими ќе треба да излезе пред судот во Франција поради обвину…