Дома Трансфер зона Најскапиот дефанзивец на светот на продажба

Најскапиот дефанзивец на светот на продажба

Иднината на Хари Мегваер во Манчестер Јунајтед е неизвесна и ќе биде одлучена по завршување на сезоната, пренесуваат медиумите на Островот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мегваер во 2019 година беше платен вртоглави 80 милиони фунти и стана најскап дефанзивец во историјата. Меѓутоа, тој воопшто не ги оправда очекувањата на „Олд Трафорд“.

Иако му беше дадена и капитенската лента, сепак Мегваер не пружа партии какви што се очекуваше и е мета на големи критики.

Поради тоа Манчестер Јунајтед може да се одлучи на негова продажба и на лето да купи нов дефанзивец, кој ќе биде партнер на Рафаел Варан.

Сигурно „црвените ѓаволи“ нема да ја добијат ни приближно сумата која ја платија за него, но интерес за Мегваер покажуваат Њукасл, Тотенхем и Лестер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…