Иднината на Роберт Левандовски во Баерн Минхен е под голем знак прашалник и се поизвесно е дека полскиот голгетер ќе игра на друго место наредната сезона.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Од Баерн порачуваат дека не сакаат да го пуштат, но денес можеби најава за заминување пристигна од неговата сопруга.




„Здраво екипо. Започнувам да учам шпански јазик. Ако имате некој совет како полесно да го научам со задоволство ќе го послушам“, порача Ана Левандовски.




Оваа објава на сопругата на Левандовски привлекува посебно внимание затоа што токму Барселона е еден од тимовите со кои Левандовски најмногу се поврзува.