Дома Останати Ракомет Начевски и Николов денеска ќе го судат дербито во групата „Е“ на ЕП

Начевски и Николов денеска ќе го судат дербито во групата „Е“ на ЕП

Најдобрата македонска судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ја добија и втората задача на Европското ракометно првенство кое се одржува во Германија.

Денеска во Манхајм Начевски и Николов ќе делат судиска правда на натпреварот од третото коло во групата „Е“ помеѓу Шведска и Холандија (20.30 часот).


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Тоа ќе биде дербито во групата кое ќе одлучува која репрезентација ќе го освои првото место.

По две одиграни кола Швеѓаните и Холанѓаните имаат по четири бодови, а ниту еден Грузија и Босна и Херцеговина.

Првиот меч Начевски и Николов на ова ЕП го имаа во саботата помеѓу Полска и Словенија (25:32).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Еден од милениците на скопската публика и освојувач на ЛШ со Вардар заминува во пензија

Еден од најдобрите хрватски ракометари на сите времиња, Иван Чупиќ, по завршувањето на ова…