Дома Фудбал Италија Наполи со барање до федерацијата: Да се повтори натпреварот Интер – Јувентус!

Наполи со барање до федерацијата: Да се повтори натпреварот Интер – Јувентус!

ФИФА таков преседан направи во квалификациите за Мундијалот, но тешко е да се верува дека италијанскиот сојуз би можел да го направи истото.

„Спортска измама“ таков е насловот на барањето кое наполитанските адвокати Анџело и Серџо Писани го испратија до сојузот.
Локалните медиуми пишуваат дека голем број сограѓани потпишале петиција со која се бара натпреварот помеѓу Интер и Јувентус да биде повторен.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Судењето ги наруши принципите на спорот, не е во прашање само Наполи. Сите во Италија се згрозени од она што се случи. Поради тоа фудбалската федерација би требало да постапи како ФИФА и да го поништи натпреварот“, пишува во барањето доставено до сојузот.

Да потсетиме, поради лошото судење ФИФА го поништи натпреварот помеѓу Јужна Африка и Сенегал во квалификациите за Мундијалот во Русија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Милан може да добие засилување од Манчестер Јунајтед

Според извештаите на Sky Sport Italia, ФК Милан е заинтересиран за напаѓачот на Манчестер …