Дома Трансфер зона Нани после само пола година ја напушти Венеција и го избра новиот клуб

Нани после само пола година ја напушти Венеција и го избра новиот клуб

Искусниот португалски фудбалер Луис Нани после само половина година одлучи да ја напушти Венеција.

Нани помина само половина година во дресот на италијанскиот клуб и одлучи среќата да ја побара на друго местоа откако не се договори со Венеција за продолжување на соработката.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Овој 35 годишник се уште не размислува за завршување на кариерата. После Венеција Нани ќе игра за Мелбурн Виктори со кој потпиша договор. Договорот со Мелбурн го потпиша до 2024 година.

Австралискиот клуб го претстави како ново засилување, а Португалецот беше претставен со специјално видео. Нани кариерата ја започна во Спортинг Лисабон, во 2007 година пристигна во Манчестер Јунајтед каде што помина седум години.

Настапуваше уште за Фенербахче, Валенсија, Лацио, Орландо и Венеција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…