Поранешниот португалски репрезентативец, Луис Нани иако има 36 години се уште не размислува да каже „збогум“ на фудбалот.
Зад себе Нани има сезона во Австралија во која немаше премногу успех, а сега се врати во Европа. Нани ја прифати понудата од турскиот прволигаш Аданаспор.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Со овој трансфер Нани ќе стана соиграч со македонскиот дефанзивец Јован Манев. Адана минатиот месец на тренерската позиција го доведе Патрик Клајверт и токму тој најмногу инсистирал на доведување на Нани.
За Нани ова е враќање во турскиот шампионат каде што од 2015-та до 2016-та беше дел од Фенербахче.
Welcome @luisnani 🔥🖐 pic.twitter.com/0qu3pEv2fl
— Adana Demirspor (@AdsKulubu) July 13, 2023