Белгискиот фудбалер Раџа Наинголан е познат по скандалите кои ги прави надвор од теренот, а токму неговиот неспортски живот беше најголемата причина што Рома го пушти во Интер.
Наинголан неспортскиот живот кој го водеше во кариерата скапо го плати. Прво не доби повик во селекцијата на Белгија за Мундијалот, а потоа Рома одлучи да го продаде. Белгиецот сега игра во Интер и во последно време полека се враќа во форма. Италијанските медиуми пренесуваат дека Наинголан одлучил во целост да го промени своето однесување и сака повеќе да се посвети на кариерата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според информациите Наинголан вовел големи промени во својот живот и практично повеќе не е истиот човек.
Наинголан престанал да пие алкохол и да излегува по ноќни клубови, дури го намалил и конзумирањето на цигари. Исто така, тој ја регулирал исхраната и ослабел неколку килограми. Токму неговите килограми се истакнуваа како една од причините за проблемите со повреди.
Она што можеби највеќе изненадува е што Наинголан дури вработил сопствена готвачка која му подготвува посебна исхрана. Ова не е нешто ново во животот на фудбалерите, но кога е Наинголан во прашање тоа е навистина изненадување.
Изгледа дека Белгиецот одлучил да се посвети само на игрите на теренот со цел да одигра уште неколку сезони на високо ниво.