Шпанскиот тенисер Рафаел Надал е среќен поради враќањето на терен, но и е свесен дека пандемијата од коронавирусот ќе влијае на глобалната иднина.
Поранешниот прв рекет во светот кој како и сите други спортисти ширум светот беше во двомесечна самоизолација, а сега продолжи со тренинзи на терените на својата академија во Мајорка.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Конечно можеме да се вратиме на терените. Мило ми е што повторно децата можат да играат. Среќни сме тоа е важно за сите нас. Секако сакам на турнирите да има полни трибини, но мораме да бидеме трпеливи, потребна ни е вакцина. Не можеме доживотно да се дистанцираме“, изјави Надал.
Инаку, Надал е против ставот на Ѓоковиќ кој не е за задолжително вакцинирање.