Дома Останати Надал елиминиран во првото коло на „Ролан Гарос“

Надал елиминиран во првото коло на „Ролан Гарос“

Рафаел Надал кој е рекордер на Ролан Гарос,годинава го заврши турнирот уште  во првото коло.

Подобар од Надал беше четвртиот тенисер на АТП ранг-листата, Александер Зверев во три сета и тоа со 6:3,7:6,6:3.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Зверев го доби првиот сет со 6-3, во вториот имаше голема борба која заврши со тајбрејк во кој Германецот беше подобар со 7-5, третиот сет беше 6-3.

За Рафаел Надал ова беше прв пораз во првото коло на Ролан Гарос, грен-слем турнирот кој го освои рекордни 14 пати.

Во следното коло Зверев ќе игра со победникот од мечот меѓу Белгиецот Давид Гофан и Французинот Џовани Мпеши Перикар кој игра на турнирот со „вајлд-кард“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Стигна потврда: Ѓоковиќ ќе игра на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ ќе настапи на Вимблдон, иако неодамна направи операција на менискусот по пов…