Баерн Минхен официјално соопшти дека Ханс Флик потпишал перманентен договор и ќе го води тимот до 2023 година.
Флик го презеде клубот од Нико Ковач во ноември, но со договор како привремен тренер до крајот на сезоната. Сега 55-годишниот стратег доби перманентен договор откако го врати тимот на победничките патеки.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Флик имаше 18 победи во 21 меч и го искачи на првото место на табелата со четири бода предност пред Борусија Дортмунд, додека во Лигата на шампионите стигна до 3:0 победа на гости кај Челси во првиот меч од осминафиналето, пред и тоа натпреварување да биде сопрено.
„Едвај чекам да ги завршам потребните задачи заедно со мојот тим и со фудбалерите. Разговорите со Карл-Хајнц Румениге, Оливер Кан и Хасан Салихамиџиќ беа продуктивни и се покажа заедничката доверба. Сигурен сум дека можеме да оствариме многу заедно“, изјави Флик.
#Flick2023 ?️ ✔️
— FC Bayern München (@FCBayern) April 3, 2020