Дома Фудбал Италија На Јувентус за ЛШ потребно му е чудо: Колку милиони ќе изгуби „старата дама“?

На Јувентус за ЛШ потребно му е чудо: Колку милиони ќе изгуби „старата дама“?

На Јувентус со најновата казна во Серија А му беа одземени десет бодови поради „пумпање“ на цените на одредени фудбалери со цел да се поправи финансискиот извештај и да се избегне казна за кршење на финансискиот фер-плеј.

Сега по таа казна на Јувентус му е потребно чудо да игра во Лигата на шампионите, а пред него се Аталанта, Рома и Милан. Милан е четврти со пет повеќе од „старата дама“ и до крајот на сезоната има уште само две кола.

Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ


Така за првпат по 11 години Јувентус не би се пласирал во најелитното европско натпреварување, а „Газета дело Спорт“ наведува дека италијанскиот гигант би останал без 90 милиони евра колку што би заработил од УЕФА.

Ќе потсетиме, на Јувентус прво му беа одземени 15 бодови, но по жалбата истите му се вратија, па за сега повторно да му се одземат споменатите десет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Томас Милер сака на уникатен начин да се збогува со навивачите на Баерн

Легендарниот играч на Баерн Минхен, Томас Милер, по 25 години преданост кон баварскиот клу…