Дома Фудбал Англија На повидок победа на Ферги во најважниот натпревар, состојбата полека му се подобрува

На повидок победа на Ферги во најважниот натпревар, состојбата полека му се подобрува

ferguson

Сер Алекс Фергусон повеќе не е во кома и покажува први знаци на опоравување после операцијата на мозокот, пишува „Дејли Мејл“.

Еден од најголемите тренери во историјата и понатаму се наоѓа на интезивна нега, но како што пишуваат медиумите на Островот неговата здраствена состојба сега е подобро и веќе може да разговара.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сепак, патот до целосно опоравување нема да биде лесен.

Веста за здравствената состојба на Фергусон го потресе целиот свет, а претходните денови бројни негови поранешни фудбалери, но и клубови од Англија и цела Европа му посакуваа брзо опоравување.

Сега прогнозите се добри, далеку подобри од оние вести кои се појавуваа кога дојде до мозочниот удар.

Да потсетиме, Фергусон се пензионираше во 2013 година, 26 години беше тренер на Манчестер Јунајтед и за тоа време освои 38 трофеи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…