Полицијата ги пронајде напаѓачите на ватерполистите на Црвена Звезда.
Во саботата ватерполисти на Звезда беа нападнати во Сплит од неколкумина хулигани, а еден од ватерполистите за да се спаси морал да скокне и во морето.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Ватерполистите биле удирани со клоци, палки и боксови по телото и им биле барани обележјата Звезда кои ги носеле на себе. Освен тоа биле навредувани со погрдни зборови.
Полицијата откако ги пронајде сторителите работи на расветлување на случајот, а денес медиумите пренесуваат дека затворската казна за ова дело може да изнесува и 12 години.