Од саботата на овие простори актуелна е веста за нападот на ватерполистите на Звезда во Сплит пред натпреварот помеѓу Морнар и Звезда кој поради инцидентот беше одложен.
Сплитски хулигани ги нападнале ватерполистите Александро Краљ, Милош Максимовиќ и Душан Васиќ.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Најдебелиот“ крај го извелече Краљ кој добил удар во носот и повреди на нозете нанесени со остар предмет.
Како што раскажуваат ватерполистите се започнало кога во кафуле во кое седеле келнерот со заканувачки тон им кажал дека подобро им е да го сокријат грбот на Звезда.
Тие се преместиле во друго кафуле, а тогаш се појавиле напаѓачите кој биле „опремени“. Краљ бил ватерполистот кој морал да скокне во морето за да се спаси.
https://youtu.be/wvVkZv3QJ0I